Рецепти
Еклери Ана Ѓорова

Популарните еклери се со потекло од Франција (франц. Éclair), а класичната верзија на еклерот е од 1800-тите години

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Путер(40 Грама)

Брашно(110 Грама)

Вода(1/8 Литар)

Јајце(2 )

Жолчка од јајце(2 )

Сол(1 Прстофат)

Шеќер(1 Супена лажица)

Млеко(3 Супени лажици)

Црно чоколадо(150 Грама)

Маргарин(60 Грама)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Ставете ја водата во мало тенџере на оган и кога ќе зоврие додајте го маргаринот и малку сол.
  2. Кога ќе се растопи маргаринот, додајте 80 грама брашно, промешајте кратко, тргнете веднаш настрана и додајте 1 јајце. Убаво измешајте додека не добиете хомогена смеса. Оставете да отстои 10тина минути колку да се олади тестото, а потоа додајте го другото јајце и повторно промешајте со лажица.
  3. Со готварски шприц формирајте еклери (употребете го најголемиот отвор на шприцот), наредете ги во плех обложен со хартија за печење и печете 20 минути на 225°C. Во текот на печењето еклерите ќе го зголемат својот волумен, па затоа оставете простор меѓу нив.
  4. Во меѓувреме се подготвува филот: 2 жолчки од јајце се матат со 30 грама брашно, а потоа се додава 1 лажица шеќер и 3 лажици млеко. Смесата се става во тенџере на оган и кога ќе зоврие се трга настрана. Кога ќе се изладат еклерите, им се додава смесата така што се сечат хоризонтално со остар нож од едната страна и со лажица се полнат со приготвениот фил.
  5. На крај подгответе го чоколадниот прелив: растопете ги на пареа чоколадото и маргаринот. Ако немате соодветен сад за готвење на пареа, можете да ги растопите на тивок оган, притоа постојано мешајќи. Секој еклер прелијте го со смесата од чоколадо и послужете.
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Динстани јунешки ребра
Оревки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Чоколадни кроасани
Пилешко во павлака
Тестенини со сос од туна
Тробоен куглов
Зелка на грчки начин
Ролат со цимет и суво грозје
Резанки од палачинки
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Посен куглов со суво овошје
Ролнички со крем
Пита со тиквички и со гриз
Мафини со нутела крем
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Англиска пита со бадеми
Пита со јајца и кајмак
Свинско месо со бел сос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: