Рецепти
Холандски топчиња со суво грозје Leo Katarovski

Традиционален холандски десерт – Oliebollen или буквално мрсни топчиња кои се служат со кафе и се убави како и топли така и ладни.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(125 Грама)

Млеко(75 Милилитри)

Квасец во прав(7 Грама)

Путер(20 Грама)

Шеќер(15 Грама)

Рендана кора од лимон(1 Кафена лажица)

Сол(1 Прстофат)

Јајце(1 )

Суво грозје(20 Грама)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 1 час

  1. Потопете го сувото овошје во рум или топла вода неколку часа, најдобро една вечер, пред пржењето.
  2. Растворете го квасецот во топлото млеко.
  3. Измешајте го брашното, шеќерот и кората од лимон и полека сипете го и мешајте го млекото со квасец. Додајте го јајцето, путерот и прстофат сол и мешајте неколку минути додека смесата не се соедини. На крај додајте го сувото овошје.
  4. Покријте го тестото и оставете го додека не се дуплира во волумен, измешајте го пак и уште еднаш оставете го да порасне.
  5. Во меѓувреме, загрејте масло во длабока тава за пржење и на сад ставете кујнска хартија за да го впие вишокот масло после пржењето.
  6. Измешајте го тестото уште еднаш и со голема лажица земајте парчиња и ставајте ги во маслото. Се пржат по околу 3-4 минути од секоја страна. ВАЖНО: маслото не треба да е прежешко бидејќи надворешниот дел ќе се препржи а внатре ќе биде живо.
  7. Исушете ги топчињата на хартијата и префрлете ги во нов сад. Украсете ги со шеќер во прав.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: