Рецепти
Италијански спанаќ – малфати Ана Ѓорова

Malfatti доаѓа од италијанскиот јазик како „лошо оформени“ парчиња спанаќ, но ако се верува дека формата е лоша, вкусот со сигурност е многу поразличен од тоа

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Спанаќ(600 Грама)

Рикота сирење(300 Грама)

Рендан пармезан(60 Грама)

Брашно(65 Грама)

Гриз(50 Грама)

Јајце(1 )

Жалфија(10 Листови)

Путер(5 Супени лажици)

Сол(1 Супена лажица)

Бибер(1 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт ви се потребни помалку од 30 минути

  1. Најпрвин добро измијте го спанаќот и ставете го да се вари 5-10 минути, колку да омекне.
  2. Потоа, исцедете го од водата во која го варевте и ставете го до тенџере ладна вода со цел да ја задржи првобитната зелена боја.
  3. Откога го сваривте и убаво го исцедивте спанаќот, исечкајте го на ситно или ставете во блендер.
  4. Додадете го јајцето, рикотата, пармезанот, брашното, гризот и солта во спанаќот и соединете ја смесата. Добиената смеса треба да биде мека, но не премногу.
  5. Смесата замесете ја во форма на цилиндар и почнете да сечкате долж парчиња. Ако ви се залепува смесата за прстите, употребете повеќе гриз.
  6. На страна, ставете длабок сад со вода и сол да се вари и кога ќе зоврие водата додавајте ги едно по едно малфатите. Варете 2-3 минути, додека не испливаат на површината.
  7. Потоа, во сад за пржење, пропржете ги со путерот и жалфијата едно по едно многу кратко, околу 30тина секунди.
  8. На крај извадете ги од садот за пржење и додадете пармезан, сол и бибер по желба.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: