Рецепти
Канелони полнети со ослиќ Ана Ристеска

Вкусен ручек од италијанската кујна со ослиќ, маслинки и доматен сос

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Лазањи-готови(250 Грама)

Ослиќ(400 Грама)

Црни маслинки(100 Грама)

Белка од јајце(1 )

Доматен сос(800 Грама)

Бело вино(1/2 Чаша)

Лук(1 Чешне)

Магдонос

Босилек

Масло(5 Супени лажици)

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути

  1. Пржете го чешнето лук на 3 лажици масло, додајте го месото од ослиќ и пржете го да зарумени. Полијте го со виното и оставете го да испари. Пржете го неколку минути додека рибата не почне да се дроби. На крајот додајте го исечканиот магдонос и тргнете ја тавата од оган.
  2. Исечкајте ги маслинките на куркчиња. Рибата раздробете ја во еден сад, додајте ги половината маслинки, белката, солта и биберот. Добро измешајте ги.
  3. Сварете ги лазањите во посолена и зовриена вода во која сте додале 1 лажица масло. Исцедете ги и исушете ги со крпа. Кога ќе се оладат, исечете ги на 4 дела така што ќе добиете мали правоаголници.
  4. Врз секој правоаголник распоредете малку од филот, потоа завиткајте ги по должина така што ќе добиете мали канелони.
  5. Во еден сад загрејте 1 лажица масло, додајте ги доматите и пржете ги 10 минути. Посолете ги, додајте ги останатите маслинки, зачинете ги со неколку листенца босилек и тргнете ги од оган.
  6. Ставете малку од сосот на дното од една тава, врз тоа распоредете ги канелоните и покријте ги со останатиот сос. Печете ги на 180 степени 20 минути. Оставете ги да се оладат неколку минути па сервирајте ги.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: