Рецепти
Ќофтиња од гриз со горгонзола Ана Ѓорова

Вкусно, солено предјадење кое одлично оди со чаша бело вино

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Гриз(250 Грама)

Горгонзола(150 Грама)

Свеж босилек(3-4 Гранчиња)

Димена сланина(150 Грама)

Буковец(1 Супена лажица)

Млеко(1 Литар)

Јајце(3 )

Црвен пипер(1 Супена лажица)

Маргарин(50 Грама)

Павлака(неутрална 200 мл )

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Лентите сланина и горгонзолата исечкајте ги на коцки, а босилекот ситно исечкајте го.
  2. Јајцата искршете ги и поделете ги жолчките од белките.
  3. Во тенџере на оган ставете го маргаринот и млекото и посолете, па откако ќе зоврие, постепено додавајте го гризот и мешајте непрекинато со жица за матење.
  4. Откако гризот ќе ја добие потребната густина, тргнете го тенџерето од оган, додајте ги сланината, горгонзолата, босилекот и жолчките и мешајте додека се соединат.
  5. Со две намастени лажици од смесата формирајте ќофтиња и ставете ги во огноотпорен сад.
  6. Во чинија измешајте црвен пипер, буковец, сол, бибер, додајте ја павлаката и со смесата полијте ги ќофтињата.
  7. Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: