Рецепти
Ќофтиња од карфиол
Печени ќофтиња со карфиол и кашкавал за вкусно предјадење
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
3 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
- Исчистете го карфиолот од дршките со листови и варете го во зовриена солена вода околу 15 минути или додека убаво омекне.
- Поделете го на цветови и додајте 1 јајце, сол, бибер, ренданиот кашкавал и ситно сечканиот магдонос.
- Потоа со виљушка испасирајте го карфиолот и измешајте го со состојките додека добиете хомогена смеса.
- Ако смесата е премногу кремаста, додајте 1-2 лажици лебни трошки и измешајте.
- Со влажни дланки земајте од смесата и формирајте топчиња кои ќе ги редите во чинија.
- Во друга чинија изматете го останатото јајце, па топчињата валкајте ги во јајцето, па во лебни трошки.
- Така подготвените ќофтиња редете ги во плех врз хартија за печење.
- Одозгора попрскајте ги со маслиново масло и печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути или додека убаво заруменат.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во