Рецепти
Ќофтиња од соја Ана Ѓорова

Вегатаријански ручек од соја и компири што може да го послужите со додаток и салата по желба

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Соја трошки(5 Супени лажици)

Компир(3 сварени со средна големина )

Кромид(1 Главица)

Јајце(1 )

Бибер

Сол(малку )

Брашно(5 Супени лажици)

Буковец(1 Супена лажица)

Вегета(1 Супена лажица)

Лебни трошки(1 Супена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Соините трошки се ставаат во врела вода со зачини и се оставаат да набабрат.
  2. Компирите се варат, се лупат, се цедат и се рендаат. Кромидот, исто така, се лупи и се ренда.
  3. Во еден сад се мешаат изренданите компири и кромидот, па се додаваат соините трошки, претходно убаво исцедени од водата.
  4. Се додаваат и јајцето, лебните трошки и сите зачини, па се мешаат во убава хомогена смеса.
  5. Смесата се остава настрана да отстои половина час.
  6. Потоа се формираат ќофтиња со големина по желба, па се пржат во тава со масло од двете страни додека убаво заруменат.
  7. Пржените ќофтиња се сервираат со салата и со додаток по желба.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: