Рецепти
Ќофтиња во лимонов сок
Ќофтиња од мелено месо во вкусен и киселкаст сос
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Мешано мелено месо(400 Грама)
Ориз(1 Чаша)
Кромид(1 Главица)
Јајце(4 )
Брашно(4 Супени лажици)
Вода(1,5 Литар)
Сенф(1 Супена лажица)
Лимон(1 )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути
- Меленото месо се меша со оризот, сечканиот кромид, 1 јајце, 2 лажици брашно, вегета и бибер. Смесата убаво се соединува и се прават мали ќофтиња во форма на топче со големина на орев.
- Во поголемо тенџере се става еден и пол литар вода да зоврие. Откако ќе почне да врие, ќофтињата едно по едно се пуштаат во тенџерето и се варат на тивок оган околу 30 минути.
- Во друг сад се мешаат 2 лажици брашно, 1 лажица сенф и половина чаша вода. Добро се промешува и полека се истура во тенџерето, па се меша додека добро се згусне.
- Лимонот се цеди и во тенџерето со згуснатата смеса се додава сокот.
- Тенџерето се трга од оган, па се додаваат 3 матени јајца, убаво се промешува и се сервира.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во