Рецепти
Колач со мак и круши Ана Ѓорова

Сочен колач со свежи парчиња круша кој совршено оди со шолја кафе

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(250 Грама)

Сол(1 Прстофат)

Круша(750 Грама)

Лимон(2.5 )

Путер(70 Грама)

Квасец(1/2 )

Млеко(1.25 Децилитри)

Шеќер(90 Грама)

Слатка павлака(2 Децилитри)

Афион(150 Грама)

Пишкоти(80 Грама)

Мелени бадеми(70 Грама)

Ванилин шеќер(1 Пакување)

Рум(1 Супена лажица)

Јајце(2 )

Шеќер во прав(2 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

ТЕСТО:

  1. Измешајте го брашното со рендана кора од 1/2 лимон и ставете го во длабок сад.
  2. Во средина на брашното направете вдлабнатина, па ставете го издробениот квасец и 2 супени лажици шеќер, прелијте со млако млеко и оставете да стаса квасецот.
  3. Откако ќе стаса квасецот, додајте парчиња путер и со миксер добро изработете го тестото.
  4. Додајте уште малку брашно и оставете го тестото 30 минути на топло место да нарасне.

ФИЛ:

  1. На оган згответе ја слатката павлака со 80 грама шеќер, додајте го мелениот мак и веднаш тргнете од оган.
  2. Пишкотите издробете ги на поситно и измешајте ги со рендана кора од 1 лимон и со свежиот сок од лимон, мелените бадеми, ванилиниот шеќер, румот и јајцата.
  3. Добро соединете ја смесата и оставете настрана да се олади. Во меѓувреме промешувајте.

ПОДГОТОВКА:

  1. Загрејте ја рерната на 180°C.
  2. На набрашнета површина расукајте го тестото и обложете го во плех. Оставете го на топло место уште дополнителни 10 минути.
  3. Во меѓувреме излупете ги крушите, исчистете ги и исечете ги на коцки.
  4. Тестото премачкајте го со филот од мак, одозгора додајте ги коцкичките круши и печете во загреана рерна околу 35-40 минути.
  5. Извадете го колачот од рерна, оставете да се олади, а потоа исечете го на коцки, посипете со шеќер во прав и послужете.
Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Колачиња зелени елки
Кростата од бадеми со мармалад
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Колач со рогач
Благи кифлички со вино
Тробоен куглов
Ролнички со соја, праз и печурки
Кекси со лешници
Сос од грав и лук
Највкусни крофни
Штрудлички со јаболко (посно)
Посен колач со јаболки и рум
Обланди со бисквити и чоколадо
Чоколадни урми
Нескафе бомбици
Ролат со урми
Овесни колачиња со цимет и мед
Солени крофни
‘Ржан леб со семки од тиква
Колач со јаболки и бадеми
Крем бомбици
Куглоф со три фила
Овошен колач
Бајадера од урми и кикирики
Колач со млеко од соја
Брз колач со јаболко
Сочен чоколаден колач

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: