Рецепти
Крем салата од печени пиперки и фета
Одлична за секакви пригоди
ТИП НА РЕЦЕПТ
СалатиТИП НА КУЈНА
Балканска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Црвена пиперка(10 )
Фета сирење(200 Грама)
Јајце(2 варени )
Шунка(200 Грама)
Мајонез(200 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути
- Пиперките ставете ги во плех во рерна на 200 степени убаво да се потпечат и да омекнат, а потоа веднаш по печењето ставете ги да отстојат во затворено најлонско ќесе или во сад покриен со фолија.
- Пиперките излупете ги и исечкајте ги на тенки, долгнавести ленти и ставете ги во длабок сад.
- Варените јајца и шунката исечкајте ги на исти такви парчиња како пиперките и додајте ги во садот.
- Фета сирењето исечкајте го на парчиња и додајте го во садот.
- Зачинете со сол и бибер, додајте ги мајонезот и павлаката и добро измешајте.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во