Рецепти

Крокети од компири со сусам
Вкусни и крцкави крокети од варен компир кои се одличен гарнир или предјадење
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Компир(750 Грама)
Жолчка од јајце(1 )
Јајце(3 )
Сирење(150 Грама)
Сусам(2 Супени лажици)
Презла(80 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути
- Измијте ги компирите, ставете ги во сад со ладна вода и варете ги 30-40 минути.
- Излупете ги и испасирајте ги додека се топли.
- На пирето додајте ги жолчката, 1 јајце, исечканото сирење, малку сол и бибер и добро измешајте ги.
- Од смесата направете повеќе мали ќофтиња.
- Измешајте го сусамот со презлата.
- Останатите јајца изматете ги со малку сол.
- Ќофтињата извалкајте ги во јајцата и во презлата, па пржете ги на поголемо количество масло.
- Вадете ги врз салфета за да се впие вишокот на маснотија и сервирајте ги топли.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во