Рецепти
Лава колач со малини Ана Ѓорова

Изненадете ги гостите со Вашите кулинарски способности и подгответе вкусен лава колач на едноставен начин, кој е тврд и чоколаден однадвор, а течен и овошен во внатрешноста.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Несолен путер(8-10 Супени лажици)

Какао(1 Супена лажица)

Брашно(1/2 Чаша)

Чоколадо од какао(170 Грама)

Малини(16-20 )

Џем од малини(4 Кафени лажици)

Шеќер(1/2 Чаша)

Јајце(3 )

Сол(1 Прстофат)

Шеќер во прав(2-3 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

  1. Употребете 4 мали огноотпорни садови за колачи и намастете ги со малку истопен путер.
  2. Измешајте го какаото со 1 лажица брашно и смесата наросете ја врз садовите со путер.
  3. Во тава растопете го останатиот путер (7-8 лажици) со чоколадото. Мешајте и потоа оставете настрана да се олади.
  4. Свежите малини измијте ги и испасирајте ги заедно со џемот од малини.
  5. Во друг сад, со миксер изматете ги јајцата со шеќерот и солта додека смесата убаво не се соедини. Матете околу 3 минути, а потоа додајте ја смесата со растопеното чоколадо и убаво промешајте со лажица. Додајте и 1/4 чаша брашно и повторно промешајте.
  6. Од така добиената смеса, ставете 2/3 во подготвените огноотпорни садови и потоа додајте од смесата со малини. На крај додајте од останатата чоколадна смеса.
  7. Печете во рерна 16 минути додека врвот од лава колачот не распука, а внатрешноста е течна. Извадете од рерна и оставете да се олади 5-8 минути.
  8. Послужете ги колачите во чинии, наросете шеќер во прав по желба и веднаш послужете.
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Динстани јунешки ребра
Оревки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Чоколадни кроасани
Пилешко во павлака
Тестенини со сос од туна
Тробоен куглов
Зелка на грчки начин
Ролат со цимет и суво грозје
Резанки од палачинки
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Посен куглов со суво овошје
Ролнички со крем
Пита со тиквички и со гриз
Мафини со нутела крем
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Англиска пита со бадеми
Пита со јајца и кајмак
Свинско месо со бел сос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: