Рецепти
Мафини од чоколадо и кафе
Десерт за љубителите на чоколадниот вкус и на кафето
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Путер(100 Грама)
Црно чоколадо(100 Грама)
Јајце(3 )
Шеќер во прав(150 грама + 2-3 лажици за преливот )
Брашно(150 Грама)
Прашок за печиво(малку )
Инстант кафе во прав(3 Кафени лажици)
Вода(1-2 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути
Тесто:
- Во соодветен сад на пареа стопете го путерот и чоколадото.
- Јајцата и шеќерот во прав добро изматете ги.
- Посебно измешајте го брашното со малку печиво и 2 лажици инстант кафе, па во тоа додајте ја смесата со јајца и растопеното чоколадо.
- Во приготвен калап за мафини ставете хартиени корпи, наполнете ги со смесата малку повеќе од половина и печете ги околу 25 минути во загреана рерна на 180 степени.
Прелив:
- Измешајте 1 лажичка инстант кафе со 2-3 лажици шеќер во прав, па полека додавајте 1-2 лажици вода.
- Со приготвениот прелив премачкајте ги мафините. Одозгора по желба украсете ги со шлаг.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во