Рецепти
Мафини со крем од костени Ана Ѓорова

Вкусни мафини со сочен домашен крем од костени

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(250 Грама)

Шеќер(820 Грама)

Путер(150 Грама)

Јајце(4 )

Јогурт(1 Чаша)

Прашок за печиво(1 Пакување)

Млеко(1/2 Чаша)

Костен(2 Килограми)

Вода(650 Милилитри)

Ванила стапче(1 )

Лимон(1 )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 100 минути

КРЕМ:

  1. Костените измијте ги под млаз вода и потоа ставете ги во тенџере со зовриена вода да се варат околу 15 минути. Излупете ги и оставете ги малку да се подоладат, па потоа сомелете ги.
  2. Ванила стапчето поминете го во внатрешноста и со помош на нож извадете ги семињата, а потоа стапчето со семињата ставете ги во длабоко тенџере. Додајте 600 грама шеќер и 650 милилитри вода и гответе на умерен оган. Мешајте со жица додека се растопи шеќерот, околу 10 минути.
  3. Откако шеќерот целосно ќе се растопи, извадете го ванила стапчето и додајте ги сомелените костени и рендана кора од 1 лимон.
  4. Убаво промешајте и соединете ја смесата, а потоа гответе на тивок оган 1 час. Мешајте со дрвена лажица одвреме навреме.

МАФИНИ:

  1. Рерната загрејте ја на 200°C.
  2. Јајцата скршете ги и одделете ги жолчките од белките.
  3. Со миксер пенасто изматете ги белките. Жолчките измешајте ги со 220 грама шеќер, па додајте го омекнатиот путер, јогуртот и млекото и мешајте со жица додека не добиете хомогена смеса.
  4. Брашното измешајте го со печивото и додајте ги со смесата од жолчки. Убаво промешајте и на крај додајте ги изматените белки. Промешајте внимателно со дрвена лажица.
  5. Смесата распоредете ја во силиконски сад за мафини помалку од половина (со оваа доза би ви испаднале околу 20 мафини). Во секој мафин додајте по две полни лажици од кремот од костени, па повторно додајте од смесата за мафини. Вишокот крем од костени ставете го во тегли и користете го по потреба.
  6. Печете ги мафините во загреаната рерна 15-тина минути.
Јафа бомбици
Банана лепче
Банана залчиња
Ванила бомбици
Шеќерни прженки
Овесни барови со јаворов сируп
Суви колачи со лешници
Енергетски залчиња од тиква
Лепчиња со лук и магдонос
Чоколадни бомбици со авокадо
Здрав џем од ѓумбир
Шеќерни јаболки
Кекси со лешници
Сос од грав и лук
Сир тостерки
Мини переци
Чоколадни бомбици со суво овошје и јатки
Цимет ролнички со бадеми
Овесни колачиња со цимет и мед
Крекери со сирење и ким
Овесни бомбици со јатки
Домашен крем од кикирики
Паштета од хељда
Бајадера од урми и кикирики
Кралска паштета
Прелив од боровинки
Непечени чоколадни коцки со суво овошје
Пире од карфиол
Бомбици со индиски ореви
Тахини (сос од сусам)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: