Рецепти
Мармалад од јаболки
Одличен за на леб, бисквити, колачи и како додаток со омилените десерти
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јаболко(црвени 1.5 Килограм)
Кафеав шеќер(350 Грама)
Лимон(1/2 )
Ѓумбир(свеж изрендан помалку од 1/2 лажичка )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Јаболките излупете ги и отстранете им ги семките и дршките, па исечете ги на половинки и прелијте ги со сокот од лимон.
- Додајте ги шеќерот, свежиот и изрендан ѓумбир и малку цимет, па добро измешајте ги.
- Ставете ги во тенџере на оган, па по 30 минути кога ќе омекне овошјето, изблендирајте со рачен миксер или во блендер.
- Проверете ја густината на мармаладот: капнете на стаклена чинија, ако смесата е густа, тргнете од оган. Ако не е доволно густа, варете уште малку.
- Мармаладот претурете го во стерилизирани тегли, убаво затворете со капак и превртете ги наопаку и оставете ги така додека мармаладот целосно се излади.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во