Рецепти
Мексикански гулаш Ана Ѓорова

Послужете го со црвено вино и уживајте во ручекот

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свинска кртина(500 Грама)

Зелена лута пиперка(1 )

Лупени домати од конзерва(400 Грама)

Зелена пиперка(2 )

Кромид(1 Главица)

Брашно(100 Грама)

Ловоров лист(3 )

Коријандер(1 Кафена лажица)

Црвен пипер(1 Супена лажица)

Лук(3 Чешниња)

Суво оригано(1 Супена лажица)

Чили во прав(1 Кафена лажица)

Ким(1 Кафена лажица)

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

  1. Месото извалкајте го во брашно и пржете го во загреано масло во тенџере на оган.
  2. Промешајте и извадете го запрженото месо од тенџерето, па во преостанатата маснотија пропржете го кромидот.
  3. Откако ќе омекне, додајте ги сечканите пиперки и сечканиот лук.
  4. Откако ќе се запржат пиперките и лукот, додајте ги конзервираните домати исечкани на парчиња.
  5. Потоа во тенџерето вратете ги запржените парчиња месо.
  6. Зачинете со чили, коријандер, ким, оригано, црвен пипер, сол, бибер и ловоров лист.
  7. Додајте 300 мл вода, промешајте и варете 40 минути.
  8. Гулашот може да го послужите со претходно сварен ориз или самостојно со салата по избор.
Кремаста паста со печурки без масло
Туна ќофтиња
Дроб во кошулица
Пилешки дроб и срца
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Посна сарма со праз и шампињони
Пилешко во павлака
Филе Велингтон
Тестенини со сос од туна
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Ѓевречиња од мелено месо
Зелка на грчки начин

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: