Рецепти
Мини киш со сланина и зеленчук Ана Ѓорова

Брз и лесен појадок од јајца, сланина и зеленчук

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(12 )

Кромид(1 Главица)

Црвена пиперка(1 )

Спанаќ(450 Грама)

Рендан кашкавал(115 Грама)

Сол(1/2 Кафена лажица)

Црвен пипер(1 Кафена лажица)

Суво оригано(1 Кафена лажица)

Чили пиперка(1 )

Сланина

Маслиново масло(2 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути

  1. Загрејте ја рерната на 190 степени.
  2. Јајцата скршете ги во подлабок сад, додајте сол, бибер и други зачини и билки по желба. Добро изматете со вилушка.
  3. Калап за мафини премачкајте го малку со маслиново масло, путер или кокосово масло за да не се залепи при печењето.
  4. Сланината пропржете ја кратко додека стане малку крцкава. Потоа исечкајте ја и измешајте ја во сад со ситно сечканите кромид, пиперка, спанаќ и чили пиперка (по желба).
  5. Во калапите распоредете ги сечканите кромид, пиперка, спанаќот, чили пиперката и сланината.
  6. Внимателно врз нив претурете ја смесата со јајца, но не ги полнете до горе. Потоа додајте од преостанатата зеленчукова мешавина и изрендајте кашкавал.
  7. Печете 15-18 минути. Проверете со вилушка дали кишот е сув во средината. Ако уште е течен, печете уште малку, па потоа извадете ги од рерна.
  8. Оставете да се оладат 5-10 минути и внимателно извадете ги од калапите.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: