Рецепти
Мини суфлеа со пармезан
Лапни голтни суфлеа за одлично предјадење
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
ЕвропскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јајце(4 )
Рендан пармезан(100 Грама)
Млеко(450 Милилитри)
Путер(70 Грама)
Брашно(3 Супени лажици)
Нишесте (пченкарен скроб)(1 Супена лажица)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути
- На растопениот путер во тенџере на оган го пржиме брашното и мешаме со жица за матење. Додаваме 400 мл млеко и непрекинато мешаме со жицата. Посолуваме и наросуваме бибер.
- Откако бешамел сосот ќе ја добие потребната густина го додаваме ренданиот пармезан. Промешуваме и го тргаме тенџерето од оган.
- Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Жолчките ги матиме со виљушка и ги додаваме во тенџерето со бешамел сосот со пармезан. Мешаме со жицата додека смесата не се соедини.
- Густинот го размешуваме со преостанатите 50 мл млеко и го додаваме во тенџерето. Белките ги матиме со миксер додека не ја добијат потребната цврстина. И нив ги додаваме во тенџерето. Мешаме со жица додека смесата не се соедини.
- Во калап за мафини ставаме хартиени корпички. Ги полниме корпичките со смесата за суфлеата. Калапот го ставаме во рерна, печеме 15 минути на 200 степени и го вадиме од рерна. Мини суфлеата ги вадиме на чинија за сервисирање.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во