Рецепти
Намаз од печени пиперки и ореви
Одличен микс како вкусен додаток со вашите омилени јадења
ТИП НА РЕЦЕПТ
УжинаТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Црвена бабура(3-4 )
Мелени ореви(1 Чаша)
Свеж сок од лимон(2 Супени лажици)
Млад кромид(1/2 )
Меласа(1 Супена лажица)
Лук(1 Чешне)
Кумин(мелен 1 лажичка )
Црвен пипер(1 Кафена лажица)
Сол(по вкус )
Буковец(1/4 Кафена лажица)
Лебни трошки(1/2 Чаша)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Пиперките преполовете ги и исчистете ги од семките и дршките. Премачкајте ги со околу 2 лажички маслиново масло и наредете ги во плех, обложен со хартија за печење.
- Печете ги пиперките во претходно загреана рерна на 200 степени околу 45 минути или додека убаво омекнат.
- Оставете ги да се оладат, па излупете ги. За полесно да ги излупите пиперките – ставете ги да отстојат во затворено најлонско ќесе веднаш откако ќе ги извадите од рерна.
- Пиперките изблендирајте ги со мелените ореви, 1/4 чаша маслиново масло, исечканиот млад кромид (може и стар кромид) и со останатите состојки додека добиете убава, густа смеса.
- Додајте на крај уште сол по вкус или зачин и уште маслиново масло и сечкан магдонос.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во