Рецепти

Ориз со зелен сос
На овој начин оризот е многу вкусен, а може да го подготвите како гарнир со главното јадење или за лесна вечера со варен зеленчук
ТИП НА РЕЦЕПТ
ВечераТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Ориз(320 Грама)
Тиквичка(2 )
Спанаќ(1 грст )
Босилек(15 Листови)
Овчо сирење(50 Грама)
Масло(6 Супени лажици)
Лук(1/2 Чешне)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути
- Излупете ги тиквичките, па сварете ги на пареа со спанаќот.
- Во блендер изблендирајте го босилекот со зеленчикот, ренданото сирење, сечканиот лук, биберот и 5 лажици масло додека добиете хомогена смеса.
- Сварете го оризот и исцедете го. Потоа полијте го со 1 лажица масло, ставете го на чинија и сервирајте го со подготвениот сос.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во