Рецепти
Овошна салата во диња
Освежителен микс на вкусни овошки во декоративен, овошен сад кој може да го припремите сами
ТИП НА РЕЦЕПТ
СалатиТИП НА КУЈНА
Здрава хранаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Цреши(200 Грама)
Слива(200 Грама)
Банана(1 )
Кајсија(4 )
Свеж сок од лимон(3 Супени лажици)
Мед(4 Супени лажици)
Свежо нане(1 Китка)
Диња(2 )
Хопла(100 Грама)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 15 минути
- Измијте ги црешите и извадете им ги семките.
- Бананата излупете ја и исечете ја странично на тенки ленти.
- Сливите и кајсиите измијте ги, извадете ги семките и преполовете ги.
- Измешајте го овошјето во подлабок сад; медот и лимоновиот сок измешајте ги во помал сад и прелијте ги врз овошјето; нането измијте го и исечкајте го на ситно, па додајте го врз салатата.
- Одберете 2 помали дињи, преполовете ги, а потоа со лажица извадете ги семките. Издлабете ја внатрешноста на дињата, оставајќи на рабовите дебелина од 2 см.
- Месото од дињата исечете го и додајте го во овошната салата. Сè убаво промешајте, а потоа смесата ставете ја во издлабените половинки диња. Украсете на врвот со шлаг и листови свежо нане.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во