Рецепти
Овошни колачи со крем од ванила Ана Ѓорова

Вкусни колачи со мешано овошје и крем од ванила што лесно се подготвуваат, а се одличен десерт за гостите

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(250 грама за тестото )

Путер(125 грама за тестото )

Вода(100 милилитри или повеќе по потреба за тестото )

Шеќер(70 грама за тестото )

Жолчка од јајце(2 за тестото )

Сол(прстофат за тестото )

Рендана кора од лимон(1/2 лажичка за тестото )

Жолчка од јајце(6 за кремот )

Млеко(7,5 децилитри за кремот )

Шеќер(150 грама за кремот )

Брашно(50 г за кремот )

Путер(10 грама за кремот )

Ванила стапче(1/4 за кремот )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

Тесто

  1. Во сад се мешаат брашното, прстофат сол, малку рендана кора од лимон и шеќерот, па се прави длабнатина во средината и се додаваат путерот, омекнат и исечен на коцки, жолчките од јајце и водата.
  2. Смесата убаво се меша, се мати со миксер додека да добие малку кремаст состав, а потоа се префрла на набрашнета површина, се додава уште брашно по потреба за да се замеси средно тврдо тесто.
  3. Тестото убаво се изработува со рацете, постепено му се додава од брашното за да не се лепи, а потоа се става во проѕирна фолија и се остава во фрижидер 1 час.

Крем

  1. Ставете го млекото во тенџере на оган заедно со стапчето ванила.
  2. Настрана пенасто со миксер изматете ги жолчките со шеќерот.
  3. Потоа додајте го брашното и добро измешајте.
  4. Постепено претурајте го топлото (зовриено) млеко во садот и непрекинато мешајте со жица за матење.
  5. Смесата претурете ја повторно во тенџерето на оган и со непрекинато мешање зовријте ја.
  6. Откако смесата ќе зоврие, веднаш тргнете ја од оган.
  7. Измешајте го путерот и изладете го кремот.
  8. Може по желба во кремот да измешате рендана кора од лимон или неколку капки ликер колку да даде дополнителен шмек, може да додадете топено чоколадо (10 г чоколадо во 100 г крем), или пак, сечкани ореви или ф’стаци (5 г ореви во 100 г крем).

Финална постапка

  1. Тестото расукајте го не многу тенко, па со модли или со поголема чаша (подобро поголеми кругови) исечете кругови.
  2. На краевите задебелете ги и боцнете го тестото со виљушка, па ставете ги круговите врз намастен и набрашнет огноотпорен сад.
  3. Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
  4. Печените колачи оставете ги малку да се оладат, па премачкајте ги во средината со кремот.
  5. Врз колачите може да ставите сезонско, мешано овошје по вкус (грозје, банани, киви, круши, ананас, јагоди и рибизли).
  6. Одозгора прелијте ги колачите со 3 лажици мармалад од кајсии, претходно растопен на тивок оган во тенџере заедно со сокот од 1/2 лимон и 2 лажици вода.
Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Колачиња зелени елки
Кростата од бадеми со мармалад
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Колач со рогач
Благи кифлички со вино
Тробоен куглов
Ролнички со соја, праз и печурки
Кекси со лешници
Сос од грав и лук
Највкусни крофни
Штрудлички со јаболко (посно)
Посен колач со јаболки и рум
Обланди со бисквити и чоколадо
Чоколадни урми
Нескафе бомбици
Ролат со урми
Овесни колачиња со цимет и мед
Солени крофни
‘Ржан леб со семки од тиква
Колач со јаболки и бадеми
Крем бомбици
Куглоф со три фила
Овошен колач
Бајадера од урми и кикирики
Колач со млеко од соја
Брз колач со јаболко
Сочен чоколаден колач

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: