Рецепти
Пастрмајлија со свинско месо Ана Ѓорова

Македонска традиционална „пица“ со свинско месо и црвен пипер

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(1 Килограм)

Квасец(20 Грама)

Сол(1 Кафена лажица)

Црвен пипер(2-3 Кафени лажици)

Црвена пиперка(1 )

Свинско месо(800 Грама)

Свинска маст(1-2 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Месото исечете го на коцки, посолете го, додајте црвен пипер и оставете го во фрижидер да отстои по можност преку ноќ.
  2. Квасецот измешајте го со малку топла вода и со брашното и оставете да стаса, а потоа замесете средно меко тесто со уште малку топла вода и сол. Замесеното тесто покријте го со кујнска крпа и оставете го да стаса додека дупло не го зголеми волуменот.
  3. Стасаното тесто поделете го на 8 топки и секој дел расукајте го долгнавесто, во форма на пастрмајлија и со помош на дланките здебелете го тестото на краевите.
  4. Врз така подготвеното тесто, ставете од свинското месо и малку свинска маст. По желба додајте и малку мелена пиперка.
  5. Печете ги пастрмајлиите во загреана рерна на 180°C, околу 30 минути. Можете да ја печете 20-25 минути, па потоа да ја извадите од рерна и да ја полиете со разматено јајце и да печете уште 5-10 минути.
  6. Послужете со лути пиперчиња и буковец по желба.
Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Колачиња зелени елки
Кростата од бадеми со мармалад
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Колач со рогач
Благи кифлички со вино
Тробоен куглов
Ролнички со соја, праз и печурки
Кекси со лешници
Сос од грав и лук
Највкусни крофни
Штрудлички со јаболко (посно)
Посен колач со јаболки и рум
Обланди со бисквити и чоколадо
Чоколадни урми
Нескафе бомбици
Ролат со урми
Овесни колачиња со цимет и мед
Солени крофни
‘Ржан леб со семки од тиква
Колач со јаболки и бадеми
Крем бомбици
Куглоф со три фила
Овошен колач
Бајадера од урми и кикирики
Колач со млеко од соја
Брз колач со јаболко
Сочен чоколаден колач

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: