Рецепти
Пастрмка на охридски начин Ана Ѓорова

Полнета пастрмка со сос од лук, домати, пиперка и магдонос

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пастрмка(4 )

Масло(8 Супени лажици)

Лук(250 Грама)

Домат(400 Грама)

Црвена пиперка(1 )

Свеж магдонос(1 Китка)

Лимон(1 )

Сол(1 Прстофат)

Бибер(1 Прстофат)

Црвен пипер(1 Прстофат)

Вегета(1 Прстофат)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Пастрмките исчистете ги, измијте ги и исушете ги, а потоа исечете ги со остар нож од под главата до перката и попрскајте ги со лимонов сок.
  2. На врело масло пропржете исечкан лук и кога малку ќе омекне, додајте ја исечканата пиперка, излупените и исечканите домати. Посолете и пржете на тивок оган додека водата не испари. На крај, додајте исечкан магдонос, црвен пипер и бибер.
  3. Пастрмките ставете ги во загреана намастена тава и пржете ги на двете страни. Кога ќе бидат готови, извадете им ја коската, посолете ги, забиберете ги, додајте вегета, лимонов сок и наполнете ги со претходно подготвената смеса од лук и домати.
  4. Така подготвените пастрмки, ставете ги во загреана рерна уште малку да се испечат, а потоа послужете ги со свежа салата или прилог по желба. Може малку да ги набрашните пред да ги ставите да се печат, за да не се распаднат.
Јафа бомбици
Банана лепче
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Пилешки дроб и срца
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Вкусна димена салама
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Тестенини со сос од туна
Лепчиња со лук и магдонос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: