Рецепти
Пилешки ролат Ана Ристеска

Вкусни ролати со пилешко месо кое можете да ги послужите со гарнир од варен зеленчук

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пилешки гради(1 Килограм)

Димена сланина(200 Грама)

Грашок(100 Грама)

Кашкавал(200 Грама)

Сенф(2 Супени лажици)

Магдонос

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 90 минути

  1. Лентите сланина ги редиме една врз друга, им ја отсекуваме кожата и ги сечкаме на ситни коцки. Исечканата сланина ја ставаме во поголем длабок сад. Го додаваме грашокот.
  2. На ситната страна од рендето во садот го рендаме кашкавалот. Мaгдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во садот. Посолуваме, наросуваме бибер и мешаме со лажица додека состојките не се измешаат.
  3. Со нож на половина по должина ги засекуваме парчињата стек. Посолуваме и ги наросуваме со бибер. Секое парче стек го премачкуваме со сенф.
  4. Врз парче најлонска фолија го ставаме првото парче стек. Го прекриваме со друго парче фолија. Стекот го толчиме со дрвен чекан. Врз истолченото парче пилешки стек со лажица нанесуваме од филот од длабокиот сад.
  5. Краевите на стекот ги свиткуваме навнатре за да не излегува филот. Потоа од филуваниот стек виткаме ролат.  Истата постапка ја повторуваме со останатите парчиња пилешки стек.
  6. Ролатите ги редиме во намрсен огноотпорен сад, ги попорскуваме со масло за јадење и ги преливаме со 100 мл вода.
  7. Огноотпорниот сад го ставаме во рерна и печеме 1 час на температура од 225 степени.
  8. Ги вадиме ролатите од садот и ги сечеме на половина.
Кремаста паста со печурки без масло
Туна ќофтиња
Дроб во кошулица
Пилешки дроб и срца
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Посна сарма со праз и шампињони
Пилешко во павлака
Филе Велингтон
Тестенини со сос од туна
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Ѓевречиња од мелено месо
Зелка на грчки начин

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: