Рецепти
Пилешко ќофте во сос од печурки Ана Ристеска

Пилешки ќофтиња во вкусен сос по рецептот на баба

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пилешко месо(400 Грама)

Кромид(2 Главици)

Јајце(1 )

Лук(2 Чешниња)

Црвен пипер(1/2 Кафена лажица)

Лебни трошки(3 Супени лажици)

Свежи шампињони(300 Грама)

Грашок(100 Грама)

Брашно(2 Супени лажици)

Сенф(1 Супена лажица)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 60 минути

  1. Пилешкото бело месо и исчистената главица кромид се сечат на покрупни парчиња и се мелат на машина за месо. Се додава пасираниот лук (1 главица), јајцето, лебните трошки, пиперот и зачини по желба, па добро се меша.
  2. Од приготвената смеса со намрсени раце се обликуваат помали ќофтиња.
  3. Се пржат на врело масло од сите страни да поруменат.

Сос

  1. Кромидот (1 главица) се чисти и ситно се сечка, па се пржи на малку масло.
  2. Се додаваат шампињоните исечени на листови и се пржат на умерена температура, со постојано мешање додека печурките не омекнат наполу.
  3. Се додава грашокот и се динста зеленкукот во сопствениот сок додека омекне, а вишокот течност да изврие.
  4. Се посипува со брашно и се меша, па постепено се долева пилешка супа по потреба и се вари на умерена температура, со постојано мешање, додека се добие посакуваната густина. Се додава сенфот и се зачинува по желба.
  5. Во приготвениот сос се додаваат пржените ќофтиња, па сето тоа заедно се вари десетина минути.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: