Рецепти
Пилешко со лимон
Брз семеен ручек со кој нема да погрешите
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Пиле исчистено и исечкано на парчиња(1/2 Килограм)
Лук(1 Главица)
Лимон(1 )
Бело вино(1/2 Чаша)
Магдонос(1 Китка)
Масло(4 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 60 минути
- Од месото отстранете ја кожата. Измијте го лимонот, исечете го на половина, па секоја половина исечете ја на 6 дела.
- Главицата лук поделете ја на чешниња без да ги лупите, ставете ги во тава со месото, парчињата лимон и 4 лажици масло. Посолете ги и измешајте ги состојките.
- Додајте го виното, покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете го месото на 200 степени 30 минути.
- Тргнете ја фолијата и продолжете со печењето уште 20 минути. Посипете го пилешкото со исчекан магдонос и сервирајте го.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во
Mi se dopagja receptov i bidejki sum na Hrono ishrana, ova ke mi bide vecera. Imam zamerka za sajtot: premnogu e vo desno i ne se cita kompletno podgotovkata, a i dosta smeta traktata sto visi na koja pisuva naslovna…recepti…sostojki…itn. Okolu toa treba nesto da napravite. Pozdrav.
Аница Ви благодариме на забелешката ќе гледаме да ја средиме во најкраток можен рок. Дали рецептите ги гледате од телефон, таблет или компјутер?