Рецепти
Пита од круши и суво грозје Ана Ѓорова

Вкусна пита од круши и суво грозје како одличен десерт за Вас и најблиските

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(200 Грама)

Маргарин(250 Грама)

Сол(1/2 Кафена лажица)

Шеќер во прав(1 Супена лажица)

Јајце(1 )

Круша(1 Килограм)

Суво грозје(250 Грама)

Шеќер(200 Грама)

Ванилин шеќер(10 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Брашното просејте го и измешајте го со сол и шеќер во прав. Со прстите додајте парчиња 200 грама маргарин и мешајте.
  2. Јајцето посебно изматете го и додајте ги во смесата и промешајте со лажица. По потреба додајте неколку лажици вода, нежно замесете го тестото и обликувајте го во топка.
  3. Тестото замотајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер 30 минути.
  4. Крушките измијте ги и исечете ги на парчиња околу 1 см.
  5. На набрашнета површина поделете го тестото на 2/3 и 1/3. Поголемиот дел расукајте го, обликувајте го и ставете го во округол плех. Вишокот тесто оставете да виси над работ.
  6. На тестото додајте го сувото грозје и крушите. Наросете ванилин шеќер, шеќер и 50 грама парчиња маргарин.
  7. Другиот дел од тестото расукајте го во круг. Тестото во садот премачкајте го со вода, па поклопете го со другиот дел од тестото. Притиснете на краевите, исечете ја питата со нож одозгора на неколку места.
  8. Ставете ја питата да се пече во загреана рерна на 200°C додека не зарумени. На половина печење извадете ја од рерна и премачкајте ја со разматено јајца, па вратете да се допече.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: