Рецепти
Пита од портокали Ана Ристеска

Превкусна пита со богат фил од портокал, суво грозје и бадеми која совршено оди во комбинација со сладолед од ванила

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(250 Грама)

Путер(100 Грама)

Јајце(2 )

Шеќер(230 Грама)

Лимон(1 )

Портокал(1 )

Сок од портокал(3,5 Децилитри)

Суво грозје(300 Грама)

Пченкарно брашно(2 Супени лажици)

Бадеми(60 Грама)

Цимет

Сол

Шеќер во прав

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 80 минути

  1. Во брашното замешајте ги путерот, јајцата, ренданата кора од лимон, 80 г шеќер и малку сол. Замесете го тестото, завиткајте го во фолија и оставете го да отстои во фрижидер половина час.
  2. Измешајте ги сокот и ренданата кора од портокал со 3,5 дл вода и сувото грозје, кое претходно сте го оставиле да омекне во млака вода и сте го исцедиле.
  3. Варете ги 5 минути и додајте го пченкарното брашно и останатиот шеќер. Зачинете го со малку цимет. Продолжете да ги варите на тивок оган 10 минути, мешајќи ги.
  4. Тестото поделете го на 2 нееднакви дела. Поголемиот расукајте го и ставете го во една тава прекриена со масна хартија.
  5. Во кремот додајте ги исечканите бадеми и сокот од лимон и смесата сипете ја во тавата. Прекријте ја питата со другото тесто и печете ја на 180 степени 40 минути. Посипете ја со шеќер во прав и сервирајте ја.

 

Чоколадни палачинки
Колач од моркови со крем
Чоколаден брауни колач со малини
Леб од тиква
Фаџ со суви смокви
Колачиња со ѓумбир и чоколадо
Вегански чизкејк со боровинки
Тарт со круши и малини
Американски овесни палачинки
Мохито со лубеница
Мохито со ананас
Мохито со малини
Чизкејк со лубеница
Нутела мафини
Палачинки со лимон и афион
Торта од лимон и боровници
Чизкејк со цреши
Каипироска коктел со јагоди
Мус од јагоди
Мини чизкејк со јогурт
Пилешки ражничи на хавајски начин
Пинаколада
Орео милкшејк
Куба либре коктел
Браунис со орео колачи
Мохито
Американски палачинки во сос од јагоди
Колачи на стапче
Чоколаден фаџ
Американски палачинки со овошје

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: