Рецепти
Пита со компир Ана Ѓорова

Домашна пита со варен компир, спанаќ и сирење за вкусен ручек или вечера

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(300 Грама)

Квасец(1 )

Масло(1 Супена лажица)

Компир(300 Грама)

Спанаќ(500 Грама)

Сирење(200 Грама)

Јајце(5 )

Рузмарин

Сол(1/2 Супена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути + тестото да отстои

  1. Се мешаат брашното и квасецот во подлабок сад. Се додава 1/2 лажица сол, 200 мл млака вода, масло за јадење и се замесува тесто. Тестото се остава да отстои до 1 час покриено со крпа.
  2. Компирите се варат, се лупат и се сечат на тенки кругови.
  3. Спанаќот се полева со врела вода за да омекне и потоа убаво се цеди.
  4. Тестото се расукува во форма на правоаголник од 30х36 см и потоа се става во плех подмачкан со маргарин. Се нанесува спанаќот низ целото тесто рамномерно, а потоа дел од сирењето или кашкавал (претходно исечкано на ситни ленти) и ред од компирот.
  5. Јајцата се матат и се нанесуваат врз тестото. На крајот се додава рузмарин и се попрскува со масло.
  6. Тестото се остава да отстои уште 20 минути. Откако ќе отстои, се пече во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: