Рецепти
Погача со лук Ана Ристеска

Вкусна погача која најчесто се служи со чорба и супи

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(600 Грама)

Вода(400 Милилитри)

Сол(по вкус )

Шеќер(1 Супена лажица)

Квасец во прав(1 Пакување)

Масло(3 Супени лажици)

Маслиново масло(5 Супени лажици)

Сув магдонос

Лук(1 Чешне)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 50 минути

  1. Брашното, солта, шеќерот и квасецот се мешаат. Се додаваат маслото и млака вода, па се меси средно тесто, потоа се чека да стаса. Стасаното тесто повторно го размесуваме и чекаме да стаса.
  2. Од стасаното тесто се прават 12 топчиња кои се редат во тавче бр. 24 подмачкано со масло и посипано со брашно. Се оставаат да постојат 15-20 минути.
  3. Пред печењето, топчињата се попрскуваат со топла вода и се печат на 200 степени додека заруменат.
  4. Толчениот лук се меша со масло и со сув магдонос и оваа смеса се нанесува врз испечената погача додека е жешка. Се покрива со крпа додека да се излади.

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: