Рецепти
Полнети ќофтиња во бел сос Ана Ѓорова

Полнети ќофтиња со сирење во вкусен сос од лук

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Мешано мелено месо(500 Грама)

Лебни трошки(1 Супена лажица)

Кисело млеко(500 Милилитри)

Брашно(7 Супени лажици)

Прашок за печиво(1 )

Магдонос

Сирење(100 Грама)

Кромид(1 Главица)

Јајце(2 )

Лук(3 Чешниња)

Морков(1 )

Црвен пипер(1 Супена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Во длабок сад измешајте ги меленото месо, ситно сечканите кромид, 1 чешне лук, магдонос и ренданиот морков.
  2. Додајте ги црвениот пипер, прашокот за печиво, лебните трошки и 4 лажици брашно.
  3. Јајцата изматете ги со виљушка со малку сол и бибер и додајте ги во садот, па мешајте со лажица додека смесата се соедини.
  4. Земете од смесата од месо и расплескајте ја на едната дланка, додајте по коцка сирење и формирајте топче.
  5. Постапката повторете ја со сите состојки и потоа редете ги на чинија намастена со масло.
  6. Пржете ги на загреано масло во тава на оган, па ставете ги во керамичка тава.
  7. Со алатка изгмечете ги преостанатите 2 чешниња лук и пржете ги на преостанатата маснотија во тавата на оган.
  8. Додајте ги преостанатите 3 лажици брашно и мешајте со лажица.
  9. Откако брашното ќе се испржи додајте 250 мл вода и киселото млеко, па непрекинато мешајте со жица за матење.
  10. Откако сосот ќе ја добие потребната густина, нанесете го врз ќофтињата и печете ги 30 минути во рерна на 220 степени.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: