Рецепти
Полнети пиперки во сос Ана Ѓорова

Полнети жолти пиперки во вкусен сос од тиквичка и домати

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јунешко мелено месо(700 Грама)

Свинско мелено месо(700 Грама)

Жолта пиперка(20-тина )

Доматно пире(1.5 Децилитар)

Вегета(1 Супена лажица)

Сол

Бибер

Јајце(1 )

Ориз

Црвен кромид(1 Главица)

Лук(4 Чешниња)

Димена сланина(2 Парчиња)

Ловоров лист(1 )

Суво оригано(0.5 Кафена лажица)

Сечкан магдонос(2 Супени лажици)

Куркума(0.5 Кафена лажица)

Доматен сос(0.5 Литар)

Тиквичка(1 поголема )

Масло

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

  1. Пиперките се издлабуваат.
  2. Двата вида месо се соединуваат, па се додаваат оризот, јајцето, сечканиот кромид, сечкани 3 чешниња лук, оригано, вегета, сол, бибер и пасиран домат (доматно пире). Со смесата се полнат пиперките.
  3. Пиперките се редат во лонец, се додава чадена сланина и ловоров лист. Се залева со вода колку да се прекријат пиперките и се вари на умерен оган околу 40 минути.
  4. Тиквичката се лупи и се сечка на коцкички, па се пржи во врело масло околу 5 минути. Потоа се додава 1 чешне иситнет, изгмечен лук и штом ќе замириса, се трга од оган. Тиквичките се пасираат во пире.
  5. Во лонецот во кој се варат пиперките, по 40 минути додајте го пирето од тиквички и сосот од домати. По потреба посолете. Варете 10-тина минути, па додајте куркума. Варете уште минута и тргнете од оган. Додајте сечкан магдонос.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: