Рецепти
Полнети погачки со виршли Ана Ѓорова

Вкусни полнети погачки со кашкавал и виршли што се одлични за предјадење или вечера

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(550 Грама)

Млеко(250 Милилитри)

Путер(50 Грама)

Квасец(20 Грама)

Јајце(1 )

Сол(10 Грама)

Шеќер(1 Супена лажица)

Кашкавал( 250 грама )

Виршли(8 )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути + 3 часа за стасување на тестото

  1. Во еден сад измешајте ги брашното и шеќерот, во средината направете длабнатина и ставете го млакото млеко во кое претходно го растопивте квасецот.
  2. Измешајте, па додајте ги јајцата, омекнатиот путер и солта, па замесете меко и еластично тесто. Оставете го да стасува 2 часа во изгасена рерна, покриено со крпа додека го зголеми волуменот.
  3. Виршлите исечете ги на парчиња, а кашкавалот исто така (или моцарела) и измешајте.
  4. Стасаното тесто поделете го на топчиња, растегнете ги и наполнете ги со смесата од виршли, па затворете ги.
  5. Топчињата редете ги едно до друго во кружна тепсија врз намастена хартија за печење и оставете ги да стасаат уште 1 час.
  6. Потоа премачкајте ги со малку млеко и ставете ги да се печат во веќе загреана рерна на 180°C околу 20-25 минути.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: