Рецепти
Полнети варени јаболки
Раскошен десерт од варени јаболки полнети со суво грозје и ореви со глазура од ванила како одличен десерт
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Пудинг од ванила(1 Пакување)
Млеко(1/2 Литар)
Шеќер(3 Супени лажици)
Јаболко(4 поголеми )
Сечкани ореви(30 Грама)
Шеќер во прав(2 Супени лажици)
Суво грозје(30 Грама)
Цимет(1/2 Кафена лажица)
Свеж сок од лимон(1/2 Кафена лажица)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
- Јаболките излупете ги и издлабете ги во внатрешноста, но не премногу, само исчистете ги од семките и дршките и направете блага длабнатина.
- Потоа ставете ги во тенџере на оган заедно со 3 лажици шеќер и со сокот од лимон. Варете ги додека убаво да омекнат.
- Оревите исечкајте ги и измешајте ги со сувото грозје, 2 лажици шеќер во прав и циметот. Со оваа смеса наполнете ги варените јаболки и наредете ги со отворот надоле на чинии.
- Пудингот сварете го според упатството на пакувањето и оставете го да се олади. Со оладениот пудинг прелијте ги јаболките и украсете ги со цреши по желба, со шлаг и со чоколадни трошки.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во