Рецепти
Пржени погачки Ана Ѓорова

Едноставен рецепт за вкусни погачки кои одлично одат со сирење и чаша јогурт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(400 Грама)

Квасец(20 Грама)

Шеќер(1 Кафена лажица)

Маслиново масло(2 Супени лажици)

Млеко(1 Децилитар)

Оцет(1 Кафена лажица)

Масло

Сол

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Растопете го пивскиот квасец со шеќерот во 2 лажици млако млеко и измешајте го.
  2. Брашното ставете го на рамна површина, направете вдлабнатина во средината и во неа ставете ја смесата со квасецот.
  3. Додајте го млекото и 1 дл млака вода, па замесете го тестото.
  4. Додајте ги маслиновото масло, половина лажичка сол и оцетот и месете го тестото, доколку е потребно додавајќи уште вода.
  5. Оформете го тестото во топка, ставете го во длабок набрашнет сад и засечете крст на површината. Покријте со крпа и оставете го да отстои 2 часа на собна температура.
  6. Месете го тестото неколку минути, а потоа расукајте го со дебелина од 2-3 мм.
  7. Со нож (или валјак) исечете го тестото на ленти широки 5-6 см, и тоа најнапред по должина, а потоа и по широчина, така што ќе добиете баклави.
  8. Загрејте го маслото во фритеза и пржете по 3-4 баклави одеднаш.
  9. Кога ќе нараснат и заруменат од едната страна, внимателно превртете ги и пржете ги и од другата страна.
  10. Вадете ги готовите погачки врз салфета да се исцедат од маснотијата, а потоа сервирајте ги во чинија топли.
Пита со блитва и со коприва
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Посни крокети со спанаќ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лут зелник
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Пача
Пинџур со суви везени пиперки
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Топчиња од зеленчук
Ролнички со соја, праз и печурки
Праз во рерна со козјо сирење
Печен карфиол со сладок компир
Похувани буковки
Ќофтиња од карфиол
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Солен куглов со шунка
Пита масленица
Куглов погача со сирење
Топчиња со блитва
Солени бомбици од сирење
Бабини кифлички

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: