Рецепти
Ребра со виски сос Ана Ристеска

Омилен ручек на сите гурмани и љубители на месото кој можете да го послужите со свежа сезонска салата

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свински ребра(1 Килограм)

Сол(1 Супена лажица)

Бибер(1 Кафена лажица)

Лук во прав(1 Кафена лажица)

Црвен пипер(1 Кафена лажица)

Буковец(1/2 Кафена лажица)

Сенф(1 Кафена лажица)

Виски((за сосот) 125 Милилитри)

Кечап((за сосот) 125 Милилитри)

Кафеав шеќер((за сосот) 1 Супена лажица)

Јаболков оцет((за сосот) 30 Милилитри)

Свеж сок од лимон((за сосот) 1 Супена лажица)

Соја сос((за сосот) 1 Супени лажици)

Бел лук, излупен и згмечен((за сосот) 3 Чешниња)

Сенф((за сосот) 1/2 Кафена лажица)

Вегета((за сосот) 1 Кафена лажица)

Бибер((за сосот) 1/2 Кафена лажица)

Сол((за сосот) по вкус )

Лимон((за сосот) 1 )

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 160 минути

  1. Сите зачини се ставаат во аван за толчење или во блендер и се мелат многу ситно, се додава сенфот и убаво се промешува.
  2. Ребрата убаво се мијат и се сушат. Се премачкуваат со зачините од двете страни.
  3. Во садот во кој ќе се печат се реди лимонот исечен на тркалца, а одозгора се ставаат ребрата и убаво се затвораат во фолија.
  4. Така се остава цела ноќ да стојат во фрижидер.
  5. Пред да се печат, се додава 250 мл вода и повторно се става фолијата, но треба убаво да се затвори од сите страни. Се печат во загреана рерна на 150 степени околу 2 часа.
  6. За сосот во тенџере се става виски, кечап, сенф, шеќер, лук и сите зачини, па се става на загреана рерна да зоврие. Кога ќе зоврие се намалува температурата и се остава да се вари 15-20 минути се додека сосот се згусне со постојано мешање.
  7. По 2 часа се вадат ребрата од рерната. Се ставаат на чинија, а од огноотпорниот сад се истура целата течност и лимонот. Потоа, ребрата повторно се враќаат во орноотпорниот сад и се премачкуваат убаво со сосот, па се враќаат во рерната уште 10 минути.
  8. Постапката се повторува 3 пати додека ребрата заруменат, но не смеат да се исушат.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: