Рецепти
Ризото со зеленчук во тиква Ана Ѓорова

Декоративна и необична вечера

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Тиква(500 Грама)

Ориз(300 Грама)

Кромид(2 Главици)

Целер(2 )

Морков(1 )

Копар(1/2 Китка)

Магдонос(2 Гранчиња)

Бело вино(1/2 Чаша)

Рендан кашкавал(30 Грама)

Павлака(1 Децилитар)

Млеко(1/2 Децилитар)

Лимон(1 )

Рузмарин(1 Гранче)

Путер(30 Грама)

Масло(3 Супени лажици)

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Исечкајте на парчиња еден страк целер и половина морков. Ставете ги во сад заедно со исечканиот копар, магдоносот и 1,5 л ладна вода, па оставете ги да зовријат.
  2. Додајте малку крупна сол и 2/3 од месото од тиква (вкупно треба да добиете 400 г месо од тиква), исечкано на коцки. Продолжете со варењето уште 20 минути.
  3. Останатата тиква исечкајте ја на ситни парчиња и испржете ја на масло. Посолете ја и оставете ја на топло место.
  4. Исцедете ги варените парчиња тиква заедно со аромите и испасирајте ги. Исфилтрирајте ја супата и оставете ја настрана.
  5. Ситно исечкајте го останатиот кромид, целер и морков, како и рузмаринот. Пржете ги на путер, па додајте го оризот и пропржете го 2 минути со постојано мешање за да не се залепи. Потоа полијте ги со виното.
  6. Измешајте го оризот со пирето од тиква и оставете го да се вари додавајќи малку од од врелата супа. Две минути пред да тргнете од оган, додајте ги павлаката и млекото, ренданата кора од лимон, биберот и кашкавалот.
  7. Префрлете го ризотото во една издлабена кора од тиква, гарнирајте го со пржената тиква и сервирајте.
Јафа бомбици
Банана лепче
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Пилешки дроб и срца
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Вкусна димена салама
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Тестенини со сос од туна
Лепчиња со лук и магдонос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: