Рецепти
Ролат од телешко месо Ана Ѓорова

Солен ролат од телешко каре со јајца во сос

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Телешко каре(600 Грама)

Телешко месо(200 Грама)

Колбас(100 Грама)

Пршута(100 Грама)

Јајце(4 )

Кромид(1 мала главица )

Лук(1 Чешне)

Морков(1 )

Целер(1 )

Бело вино(2 Децилитри)

Масло(4 Супени лажици)

Путер

Павлака(2 Супени лажици)

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Телешкото месо сомелете го двапати, заедно со пршутата и излупените колбаси.
  2. Јајцата ставете ги во зовриена вода и варете ги 8 минути. Потоа држете ги под млаз ладна вода, излупете ги и отсечете ги двата краја од сите јајца.
  3. Меленото месо измешајте го со сол, бибер и павлака. Телешкото каре истолчете го малку со дрвен чук, ставете го врз рамна површина и премачкајте го со половина од меленото месо. Потоа врз површината од смесата со долниот дел од лажицата направете 4 вдлабнатини.
  4. Варените јајца распоредете ги во вдлабнатините и од сите страни затворете ги со останатата смеса.
  5. Завиткајте го карето, краевите зашијте ги со игла и конец, па заврзете го целото месо со конец.
  6. Исчистете го зеленчукот и ситно исечкајте го. Ролатот пржете го во тава на масло на силен оган. Полијте го со пола од виното и оставете го да испари, посолете и попиперете го.
  7. Покријте го ролатот со исечканиот зеленчук, полијте го со останатото вино и печете го на 180 степени 15 минути. На крајот извадете го ролатот од тавата, а сосот и зеленчукот изматете ги.
  8. Пирето ставете го во еден сад, додајте малку путер и мешајте го на тивок оган. Сервирајте го ролатот исечен на парчиња со сосот и пирето.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: