Рецепти
Шарен ролат Ана Ѓорова

Декоративен и превкусен ролат со фил од црно чоколадо и глазура од бело чоколадо

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Шеќер(320 Грама)

Јајце(6 )

Брашно(120 Грама)

Рендана кора од лимон

Какао(20 Грама)

Путер(200 Грама)

Жолчка од јајце(2 )

Рум(2 Супени лажици)

Црно чоколадо(60 Грама)

Бело чоколадо(60 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Одделете ги белките и жолчките.
  2. Белките изматете ги со миксер во цврст снег и ставете ги настрана, а во друг сад жолчките со вилушка изматете ги со ренданата кора од лимон.
  3. Во садот со жолчки додајте 120 грама шеќер и матете со миксер додека да добиете пенаста смеса, а потоа додајте ги постепено снегот од белки и брашното, па убаво промешајте.
  4. Тестото поделете го на два дела.
  5. Во едниот дел додајте го какаото, а другата половина останува жолта.
  6. Секој дел прелијте го посебно во големи плехови врз намастена и набрашнета хартија за печење и печете ги додека фатат убава коричка.
  7. Печените листови теста извадете ги врз навлажнета кујнска крпа и секој посебно свиткајте го во ролат и оставете да се оладат.
  8. Во меѓувреме подгответе го кремот: со миксер пенасто изматете го путерот и 200 грама шеќер. Додајте 2 жолчки и рум.
  9. Смесата поделете ја во два посебни садови.
  10. Настрана растопете го чоколадото и додајте го во еден од садовите.
  11. Оладените теста премачкајте ги со кремот така што светлото тесто со чоколаден крем, а темното тесто со бел крем.
  12. Потоа ставете ги еден врз друг, свиткајте ги во ролат и прелијте ги со глазура од растопено бело чоколадо. По желба украсете ги со чоколаден крем.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: