Рецепти
Шницли со печурки Ана Ристеска

Богат гурмански ручек со свински шницли, компири и шампињони во вкусен сос

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свински шницли(5 )

Компир(1 Килограм)

Свежи шампињони(250 Грама)

Кисела павлака(250 Милилитри)

Вегета(1 1/2 Кафена лажица)

Сенф(2 Кафени лажици)

Јајце(1 )

Црвен пипер(1 Кафена лажица)

Коцка за супа-бујон(1 )

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 90 минути

  1. Во тенџере на оган ја ставаме коцката да се вари супа.
  2. Компирите ги сечкаме на кругови.
  3. Шницлите ги посолуваме, наросуваме бибер и вегета. Ги премачкуваме со сенф, ги редиме една врз друга, притоа повторно премачкувајќи со сенф и оставаме да ги впијат зачините.
  4. Шампињоните ги сечкаме на парчиња и ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Посолуваме, наросуваме бибер, зачинуваме со вегета, го додаваме црвениот пипер и промешуваме. Ја налеваме супата од коцка.
  5. Огноотпорниот сад го попрскуваме со масло за јадење. Дното на садот го прекриваме со кругови компири и врз нив ставаме две шницли.
  6. Во садот додаваме од содржината во тавата за пржење, повторно редиме ред кругови компири и врз нив ги ставаме преостанатите шницли.
  7. Преливаме со сосот со печурки и прекриваме со преостанатите кругови компири. Го затвораме садот со алуминиумска фолија и го ставаме во рерна. Печеме 60 минути на 200 степени.
  8. Го вадиме садот од рерна. Во длабок сад ги мешаме јајцето, киселата павлака и 70 мл вода. Со смесата ја преливаме содржината во садот.
  9. Го враќаме садот во рерна и печеме уште 10 минути на иста температура.
Јафа бомбици
Банана лепче
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Пилешки дроб и срца
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Вкусна димена салама
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Тестенини со сос од туна
Лепчиња со лук и магдонос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: