Рецепти
Шпагети во сос од модар патлиџан
Шпагети со сочен сос од зеленчук и пилешки џигер
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Италијанска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Шпагети(400 Грама)
Модар патлиџан(1 )
Пилешки џигер(400 Грама)
Доматен сос(200 Грама)
Рендан пармезан(1 Чаша)
Црвен пипер(1 Супена лажица)
Доматно пире(1 Супена лажица)
Маслиново масло(2-3 Супени лажици)
Сол(1 Прстофат)
Бибер(1 Прстофат)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 30 минути
- Модриот патлиџан го лупиме и го сечеме на тенки плочки, па парчињата ги ставаме да се пржат од двете страни во тава со загреано маслиново масло.
- Откако ќе се испржат, ги посолуваме и додаваме бибер, а потоа ги ставаме врз хартија за да се упие маснотијата.
- Во тавата го ставаме пилешкиот џигер и го пржиме со мешање, додаваме зачини по вкус.
- Додаваме доматен сос, 1 лажица доматно пире и црвен пипер и промешуваме.
- Шпагетите ги вариме според упатството на пакувањето.
- Пржениот модар патлиџан го сечкаме на ситно, го пасираме и го додаваме во тавата.
- Сварените шпагети ги цедиме, ги додаваме во тавата и промешуваме кратко, а потоа послужуваме со рендан пармезан и листови нане.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во