Рецепти
Шпагети во сос од спанаќ
Лесен ручек од шпагети во интересен сос од спанаќ
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Италијанска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Шпагети(300 Грама)
Спанаќ(500 Грама)
Лук(1 Чешне)
Морков(2 )
Рендан пармезан(100 Грама)
Италијански зачин (мешан зачин)(1 Кафена лажица)
Путер(50 Грама)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути
- Шпагетите ги ставаме во тенџере со зовриена вода и додаваме една лажичка сол и малку масло. Ги оставаме да се варат.
- Во друго тенџере на оган ставаме 500 мл вода и оставаме да зоврие.
- Морковите ги сечкаме на тенки кругови и ги додаваме во зовриената вода. Додаваме една мала лажичка мешан зачин и оставаме морковот да се свари.
- Откако морковот ќе се свари во истото тенџере го додаваме спанаќот. Кога спанаќот добро ќе омекне, го вадиме од тенџерето и го ставаме во блендер со малку од водата во која се варел. Блендираме додека добиеме густ сос.
- Во тава на оган го ставме путерот и го додаваме сосот. Додаваме и малку бибер. Откако сосот ќе зоврие, го додаваме пармезанот и оставаме да се вари на тивок оган околу 10 минути.
- Сварените шпагети ги цедиме во цедалка. Потоа шпагетите ги ставаме во чинија за јадење и врз нив налеваме од сосот. Декорираме со неколку ливчиња спанаќ и со исечкани кругови од моркови.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во