Рецепти
Шпагети во сос од спанаќ Ана Ристеска

Лесен ручек од шпагети во интересен сос од спанаќ

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Шпагети(300 Грама)

Спанаќ(500 Грама)

Лук(1 Чешне)

Морков(2 )

Рендан пармезан(100 Грама)

Италијански зачин (мешан зачин)(1 Кафена лажица)

Путер(50 Грама)

Сол

Бибер

Масло

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути

  1. Шпагетите ги ставаме во тенџере со зовриена вода и додаваме една лажичка сол и малку масло. Ги оставаме да се варат.
  2. Во друго тенџере на оган ставаме 500 мл вода и оставаме да зоврие.
  3. Морковите ги сечкаме на тенки кругови и ги додаваме во зовриената вода. Додаваме една мала лажичка мешан зачин и оставаме морковот да се свари.
  4. Откако морковот ќе се свари во истото тенџере го додаваме спанаќот. Кога спанаќот добро ќе омекне, го вадиме од тенџерето и го ставаме во блендер со малку од водата во која се варел. Блендираме додека добиеме густ сос.
  5. Во тава на оган го ставме путерот и го додаваме сосот. Додаваме и малку бибер. Откако сосот ќе зоврие, го додаваме пармезанот и оставаме да се вари на тивок оган околу 10 минути.
  6. Сварените шпагети ги цедиме во цедалка. Потоа шпагетите ги ставаме во чинија за јадење и врз нив налеваме од сосот. Декорираме со неколку ливчиња спанаќ и со исечкани кругови од моркови.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: