Рецепти
Штрудла од смокви Ана Ѓорова

Блага штрудла со густ фил од свежи смокви. Одличен рецепт за ужина или појадок – може да го зачувате во фрижидер неколку дена и да го искористите како оброк на работа или училиште.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(300 Грама)

Шеќер(200 Грама)

Јајце(2 )

Путер(100 Грама)

Смоква(300 Грама)

Свеж сок од лимон(1 Супена лажица)

Шеќер во прав(2 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 45 минути

  1. Смоквите излупете ги, исечкајте ги и убаво измешајте ги во мало тенџере со шеќерот во прав и сокот од лимон. Ставете на оган и гответе ја смесата 10-тина минути.
  2. Брашното измешајте го со 200 грама шеќер, јајца, мекиот путер и убаво соединете ја смесата, а потоа со дланките замесете меко тесто.
  3. Поделете го тестото на два дела, расукајте ги и формирајте два еднакви правоаголника.
  4. Едното тесто растегнете го врз намастена тепсија и филувајте го со претходно подготвената смеса од смокви. Другото тесто исечете го со нож неколку пати во линии, а потоа ставете го врз филот и краевите од тестото убаво превиткајте ги.
  5. Печете во загреана рерна на 180°C околу 20 минути или малку повеќе. Проверувајте ја штрудлата и кога ќе биде готова, наросете ја со шеќер во прав и послужете.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: