Рецепти
Сингапурски ориз
Азиски рецепт за ориз
ТИП НА РЕЦЕПТ
ВечераТИП НА КУЈНА
Азиска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Ориз(5 Чаши)
Вода(5 Чаши)
Свеж сок од лимон(0.5 Кафена лажица)
Зелена пиперка(2 )
Црвена пиперка(2 )
Јајце(2 )
Бел лук, излупен и згмечен(2 Чешниња)
Црн лук(1 Главица)
Масло(4-5 Супени лажици)
Суво грозје(2 Супени лажици)
Праз(2-3 )
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 45 минути
- Оризот измијте го под млаз ладна вода и ставете го во тенџере со 5 чаши вода да се вари околу 20 минути на умерена температура. Додајте сол по вкус и капнете неколку капки свежо исцеден лимонов сок.
- Во меѓувреме во подлабока тава испржете ги јајцата на малку масло и оставете ги настрана.
- Пиперките сомелете ги и пропржете ги во истата тава со исечкан црн и бел лук.
- Откако пиперките малку ќе омекнат, додајте го сварениот ориз и мешајте на умерена температура 2-3 минути.
- На крај, во тавата додајте го и испржениот омлет, исечканиот праз и сувото грозје. Промешајте кратко, додајте сол и бибер и послужете го јадењето.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во