Рецепти
Солена пита со шампињони Ана Ѓорова

Превкусно предјадење што може да го послужите со чаша бело вино

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(4 )

Свежи шампињони(250 Грама)

Брашно(250 Грама)

Путер(150 Грама)

Млеко(75 Милилитри)

Павлака(неутрална 75 мл )

Димена сланина(200 Грама)

Праз(1 страк )

Кашкавал(100 Грама)

Магдонос

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути

  1. Брашното измешајте го со 125 г путер, 1 јајце и 3 лажици вода. Посолете и со дланките замесете тесто, па оставете го во фрижидер 30 минути.
  2. Сланината исечкајте ја на ситни коцки, пржете ја на загреано масло во вок тава на оган и промешајте.
  3. Шампињоните исечкајте ги на листови, а празот на тенки полукругови. Додајте ги во тавата со запржената сланина и промешајте.
  4. Откако празот и шампињоните ќе се испржат, зачинете со сол и бибер, промешајте и тргнете ја тавата од оган.
  5. Додајте ги млекото и неутралната павлака, промешајте и оставете содржината во тавата да се излади.
  6. Потоа додајте ги преостанатите 3 јајца, ситносечканиот магдонос, ренданиот кашкавал и преостанатиот путер. Измешајте добро.
  7. Тестото извадете го од фрижидер и растегнете го на набрашнета работна површина. Со сукало развлечете кора, ставете ја кората во кружен калап за печење врз намастена хартија за печење со тоа што ќе го прекриете и страничниот дел на тавата.
  8. Со виљушка избодете го тестото на неколку места и печете го така без филот 15 минути во претходно загреана рерна на 200°C.
  9. Извадете го тестото од рерна и ставете одозгора од филот, па допечете во рерната на 180°C уште 30 минути.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: