Рецепти

Солена торта од моркови и јогурт
Брз и непечен солен оброк кој е вкусно предјадење или лесна вечера
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Морков(2-3 )
Јајце(3 )
Пилешка салама(200 Грама)
Сирење(200 Грама)
Мајонез(150 Грама)
Јогурт(1 Литар)
Желатин(30 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 25 минути
- Морковите и јајцата сварете ги, па кога ќе се изладат, исечете ги на коцки.
- Саламата исто така исечкајте ја на коцки, а сирењето издробете го.
- Измешајте ги во еден сад со половина литар јогурт и со мајонезот.
- Во друг сад загрејте ја преостанатата половина јогурт, додајте го желатинот и варете додека да се згусне. Оваа смеса измешајте ја со смесата со моркови.
- Тортата ставете ја во плех и во фрижидер да се стегне и потоа пресечете на парчиња и послужете ја.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во