Рецепти
Солени колачи од модри патлиџани Ана Ѓорова

Еден од најнеодоливите летни зеленчуци е токму модриот патлиџан, а ние Ви нудиме разни начини на негова подготовка. За вечера или ужина, обидете се да подготвите солени колачи од модар патлиџан, домати, пршута и кашкавал на лесен начин и уживајте во прекрасниот вкус!

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Модар патлиџан(2 )

Домат(200 Грама)

Кашкавал(200 Грама)

Пршута(150 Грама)

Лук(1 Чешне)

Сушен темјан(1 Кафена лажица)

Сол(1 Прстофат)

Бибер(1 Прстофат)

Вода(50 Милилитри)

Масло(2-3 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

  1. Едниот модар патлиџан измијте го и исечете го на кругови со димензии околу половина сантиметар. Потоа ставете го на скара или во тава на оган да се потпече од двете страни, колку малку да потемне.
  2. Другиот модар патлиџан измијте го и исечете го на ленти околу 1 сантиметар, а потоа исечкајте го на коцкички. Доматите и кашкавалот, исто така, исечкајте ги на коцки, а пршутата на тенки ленти.
  3. Во тава со загреано масло ставете го ситно исечканиот лук, додајте ги коцкичките модар патлиџан и темјанот.
  4. Пржете на тивок оган неколку минути, а потоа додајте ги доматите, водата, сол и бибер и динстајте 10-тина минути додека модрите патлиџани не омекнат.
  5. Во 4 огноотпорни, кружни садови со мали димензии, наредете еден слој парчиња кружно исечкан модар патлиџан, потоа друг слој од пропржената смеса со модрите патлиџани и доматите, еден слој пршута и на крај завршете со слој кашкавал. Постапката повторете ја во сите садови додека не се потроши смесата.
  6. Печете во загреана рерна на 200°C околу 20 минути, а потоа послужете ги.
Јафа бомбици
Банана лепче
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Пилешки дроб и срца
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Вкусна димена салама
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Тестенини со сос од туна
Лепчиња со лук и магдонос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: