Рецепти
Солено рафаело Ана Ристеска

Солени бомбички со пилешко месо што се одлично предјадење

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Морков(1 Парче)

Пашканат(1/2 Парче)

Целер(1/2 Парче)

Пилешко месо(1 бело Парче)

Фета сирење(200 Грама)

Коцка за супа од зеленчук(1 )

Мајонез(1 Супена лажица)

Кисела павлака(1 Супена лажица)

Зелени маслинки(7 полнети со пиперка )

Брашно

Кашкавал(50 Грама)

Сусам(200 Грама)

Јајце(2 )

Кисели краставички(4 )

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути

  1. На пилешкото бело месо му ги отстрануваме кожата и коските, па потоа заедно ги ставаме во тенџере.
  2. Целерот, пашканатот и морковот ги лупиме и заедно со магдоносот ги додаваме во тенџерето.
  3. Во тенџерето налеваме 1 литар вода и го ставаме на оган. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер, го покриваме тенџерето со капак и оставаме месото и зеленчукот да се варат 40 минути.
  4. Откако ќе се сварат, со лажица решетка ги вадиме месото и зеленчукот од тенџерето, ги ставаме во цедалка врз поголем длабок сад, ја тргаме коската на страна, а месото го ситниме со 2 виљушки.
  5. Потоа ги ставаме во машина за мелење месо, па мелената смеса ја собираме во поголем длабок сад.
  6. Киселите краставички ги сечкаме на коцки и ги додаваме во садот со мелената смеса, во садот го додаваме фета сирењето (го гмечиме сирењето со виљушка) и кашкавалот (рендан од ситната страна на рендето).
  7. Во садот ги додаваме и павлаката и мајонезот, па мешаме со виљушка додека состојките се соединат.
  8. Јајцата ги кршиме во подлабок сад и ги матиме со виљушка.
  9. Со раце земаме од смесата од длабокиот сад, ја расплескуваме смесата на едната рака и на средината ставаме една полнета маслинка.
  10. Од смесата формираме бомбица, ја валкаме во брашно, па во изматените јајца и на крај во сусам.
  11. На истиот начин ги формираме сите бомбици.
  12. Потоа ги пржиме во тава со загреано масло на оган, па испржените бомбици ги ставаме во чинија обложена со хартија за да се впие непотребната мрснотија.
  13. Солените рафаело ги редиме на чинија за сервирање и ги украсуваме со листови целер.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: